-->

All grip

Во 1970 година, за прв пат го интегриравме системот за погон на четири тркала (4WD) во JIMNY, LJ10, следејќи ја нашата желба да обезбедиме поголема самодоверба и нови хоризонти за нашите клиенти.

По 50 годишното искуство, денес ја редефиниравме нашата 4WD технологија и ја именувавме како ALLGRIP. Без разлика дали возите по тешки патеки со многу вртења, необични терени, влажни или снежни патишта, со ALLGRIP го контролирате возењето и поставувате нови насоки.

 

Со вградениот погон на сите четири тркала ALLGRIP AUTO Ви овозможува безгрижно да возите на дневни патувања, особено кога истите вклучуваат влажни или снежни површини на патот. Системот автоматски го пренесува вртежниот момент на задните тркала кога детектира губиток при завлекувањето на предните тркала.

ALLGRIP AUTO МОДЕЛИ: SWIFT и IGNIS

 

Системот со погон на сите четири тркала ALLGRIP SELECT ги нагласува автентичните вредности на задоволство и сигурност при возењето на ситевидови на терени. Со избор на четирите режими на возење - AUTO, SPORT, SNOW и LOCK, сега можете безгрижно да испланирате нова авантура.

ALLGRIP SELECT МОДЕЛИ: VITARA и S-CROSS

 

Погонот на четири тркала ALLGRIP PRO е наменет за професионалци во најтешките услови и нa најнепристапните терени. Системот е дизајниран да го следи вашиот авантуристички дух и заедно со Вас ќе го пресретне секој предизвик на патот.

ALLGRIP PRO МОДЕЛИ: JIMNY