-->

Suzuki Green

Сите производи на SUZUKI се дизајнирани најдобро да ги задоволат потребите на корисниците. Една од нив е секако заштита на животната средина за да може сегашните и идните генерации да уживаат во чиста планета.

SUZUKI GREEN е зелена програма со која компанијата ја истакнува својата политика за намалување на енергетската стапка на планетата. Следејќи ја својата цел да се постигне совршена рамнотежа помеѓу перформансите, квалитетот, безбедноста, ниските емисии и потрошувачката на гориво, во 2015 година, SUZUKI го воведе својот ЕКОЛОШКИ ПЛАН.

Планот веќе е имплементиран во сите корпоративни структури на SUZUKI, фокусирајќи се на клучните области како што се:

1. НАМАЛУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ

преку производство на возила со високи перформанси, мала потрошувачка на гориво и минимална емисија како и заштеда на енергија во фазата на производство.

2. НАМАЛУВАЊЕ / ПОВТОРНА УПОТРЕБА / РЕЦИКЛИРАЊЕ (REDUCE / REUSE / RECYCLE)

минимизирање на отпадот во процесот на производство со намалување на трошоците за ресурси и промовирање на повторна употреба и рециклирање.

3. ПРОМОЦИЈА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

минимизирање на влијанието врз животната средина на работењето на компанијата со намалување на емисиите и штетните материи. SUZUKI гарантира дека строго го следи спроведувањето на сите закони и регулативи за зачувување на животната средина.