-->

SUZUKI HAKUTO



Наградата на Google: Lunar X Prize Race, е во крајна линија насочена кон слетување на лунарно летало на месечината до 31 декември 2017 година, кое ќе испраќа фотографии и видеа од таму до Земјата. Овој меѓународен натпревар ги инспирира луѓето (инженерите и развивачите на технологија) да развијат ниско буџетни роботски методи за истражување на просторот.

Мисиите на тимовите вклучени во трката подлежат на одредени барања, од кои едното е дека нивните бродови не само што ќе слетаат на Месечината, туку и ќе се движат најмалку на рстојание од 500 метри низ нејзината површина. Затоа, создавањето на лесна и проодна структура е од особено значење во оваа трка.  
 
Тимот на ХАКУТО од Јапонија е еден од петте финалисти што се натпреварува за престижната награда од 20 милиони долари. Првиот тим со приватно финансирање од земјата на изгрејсонцето што се посвети на истражување на Месечината, го избра SUZUKI за свој партнер во развојот на ова уникатно летало.
 
Значителното искуство на SUZUKI и технолошкото знаење придонесуваат за намалување на тежината на moonshine, што е клучно и за да се намалат трошоците за лансирање на леталото од Земјата и успешно движење низ песочната површина на Месечината. .

""Задоволни сме што работиме со SUZUKI затоа што оптимизацијата на тежината и погонот на четири тркала се многу важни карактеристики за успехот на нашето истражувачко возило. Се потпираме на искуството на SUZUKI во производството на мали и подвижни автомобили", вели првиот човек на Хакуто, г-дин Такеши Хакамада.
 

 
Повеќето најсовремени технологии што ги користи SUZUKI за производство на своите возила - како што се методите за заслабување, системот за погон на четири тркала и програмата за контрола на влечење - придонесоа за успешно завршување на овој пионерски напор од страна на Тимот на ХАКУТО.

""За нас е огромно задоволство да го поддржиме ХАКУТО во оваа мисија за истражување на месечината. Целосно се согласуваме со фактот дека ХАКУТО учествува во реализацијата на сонот преку создавање на ова мало лунарно возило. Со нетрпение очекуваме успешно да ја истражуваме Месечината со автомобил, во кои се вградени технологиите на SUZUKI “, , вели г-динот Тошихиро SUZUKI - претседател на Suzuki.
 
Учеството во ваков единствен проект е огромен предизвик за SUZUKI, кој му дава право на јапонскиот производител на автомобили да каже дека вслелената е новата граница за брендот.