ЦЕНОВНИК
ЗАКАЖИ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ

Никој како Jimny

Jimny

Создаден да се справи и со најтешките временски услови и терени, новиот Jimny стигнува и онаму каде останатите се плашат и да помислат. Препуштете има се на предизвиците што природата ги нуди.
Ослободете го вашиот авантуристички дух и подгответе се да истражувате.

Вo Jimny, речиси ништо не ве одвлекува од вниманиeто при возењето. Црниот ентериер е едноставен и симпатичен, а контролните копчиња се дизајнирани на начин да може лесно да ракувате со нив, дури и со ракавици.

4 карактеристики го дефинираат Jimny како сериозен off-road конкурент - робусна скалеста решетка, 3 широки нападни агли, цврста суспензија поврзана во 3 точки со спирални пружини и ALLGRIP Pro 4WD систем за погон на сите четири тркала со редуктор.

Кога се возите со Jimny, едноставно, ништо не може да ви застане на пат. Ќе ве однесе каде и да посакате, и тоа со незаменлива агилност, прецизна контрола и моќни мотори, баш кога ќе имате потреба од тоа.

Без оглед дали се наоѓате во урбана џунгла, или само се возите по некој нерамен терен, Jimny нуди доволно простор и практичност за да ги задоволи вашите потреби.

Без оглед дали се наоѓате во урбана џунгла, или само се возите по некој нерамен терен, Jimny нуди доволно простор и практичност за да ги задоволи вашите потреби.

Со помош на многуте додатоци, лесно е да го направите вашиот Jimny уникатен. Без оглед дали барате стил различен од останатите, напредна безбедност или некоја специфична функционалност, сигурно има нешто што би било интересно.

Модел и фотограф

Benjamin Hardman

ПРОФИЛ

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

ДОЛЖИНА

3,645 mm (3,480 mm со заден браник)

ШИРИНА

1,645 mm

ВИСИНА

1,725 mm

МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ

2,250 mm

ТРАГ НАПРЕД

1,395 mm

ТРАГ ПОЗАДИ

1,405 mm

МИНИМУМ РАДИУС НА ВРТЕЊЕ

4.9 m

МИНИМУМ РАСТОЈАНИЕ ОД ПОДЛОГАТА

210 mm

АГОЛ НА ПРИОД

37 степени

СРЕДИШЕН АГОЛ НА ПРЕКРШУВАЊЕ

28 степени

АГОЛ НА ЗАМИНУВАЊЕ

49 степени

ГУМИ

K15B

БРОЈ НА ЦИЛИНДРИ

4

БРОЈ НА ВЕНТИЛИ

16

РАБОТНА ЗАФАТНИНА

1,462 cm³

ПРЕЧНИК НА КЛИПОТ

74.0 x 85.0 mm

СТЕПЕН НА КОМПРЕСИЈА

10

МАКСИМАЛНА СИЛА

75/6,000 kW/rpm

МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

130/4,000 Nm/rpm

ДИСТРИБУЦИЈА НА ГОРИВО

Multipoint injection

МАСА (MИН/МАКС. СО СИТЕ ОПЦИИ)

5MT: 1,090 / 1,135 kg
4AT: 1,110 / 1,135 kg

МАКСИМАЛНА МАСА

1,435 kg

МЕСТА ЗА СЕДЕЊЕ

4 лица

БРОЈ НА ВРАТИ

3-врати

КАПАЦИТЕТ НА РЕЗЕРВОАР

40 литри

ЗАФАТНИНА НА БАГАЖНИКОТ (МАКС. ВОЛУМЕН)

830 литри

ЗАФАТНИНА НА БАГАЖНИКОТ СО СПУШТЕНИ ЗАДНИ СЕДИШТА

377 литри (VDA method)

ЗАФАТНИНА НА БАГАЖНИКОТ СО КРЕНАТИ ЗАДНИ СЕДИШТА

85 литри (VDA method)

МАНУЕЛЕН 5-БРЗИНИ

СТЕПЕН НА ПРЕНОСRATIO
1ва4.425
2ра2.304
3та1.674
4та1.190
5та1.000
Рикверц5.151

ГЛАВЕН ПРЕНОСЕН ОДНОС

4.090

СТЕПЕН НА ПРЕНОС НА РЕДУКТОРОТ

ВИСОКО 1.000 / НИСКО 2.002

ТИП 4-БРЗИНИ, АВТОМАТИК

СТЕПЕН НА ПРЕНОСRATIO
1ва2.875
2ра1.568
3та1.000
4та0.697
Рикверц2.300

ГЛАВЕН ПРЕНОСЕН ОДНОС

4.300

СТЕПЕН НА ПРЕНОС НА РЕДУКТОРОТ

ВИСОКО 1.320 / НИСКО 2.644

МАКСИМАЛНА БРЗИНА

5MT 145 KM/H
4AT 140 KM/H

СТАНДАРД НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

Euro 6

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО (NEDC)*1 ГРАД

5MT: 7.7 литри/100km
4AT: 8.4 литри/100km

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО (NEDC)*1 ОТВОРЕНО

5MT: 6.2 литри/100km
4AT: 6.9 литри/100km

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО (NEDC)*1 КОМБИНИРАНО

5MT: 6.8 литри/100km
4AT: 6.9 литри/100km

CO2 ЕМИСИЈА (NEDC)*1

5MT: НИСКО 154 g/km / ВИСОКО 154 g/km
4AT: 170 g/km

CO2 ЕМИСИЈА (WLTC)*2

5MT: НИСКО 178 g/km / ВИСОКО 181 g/km
4AT: 198 g/km

*1 Според НОВИОТ Европски систем на возење и мерење
*2 Според светски хармонизиран тест циклус на лесно оптоварено возило.

ОПРЕМА & ЦЕНА

GLX

ОД 17.670 €

- 15 инчни тркала
- LED светла со брисачи
- црни странични ретровизори
- Кожен управувач
- SLDA (Smart phone Linkage Display Audio) 
- DSBS (Dual Sensor Brake Support)

GL

ОД 15.000 €

- 15 инчен управувач
- ХАлогени светла
- Грејачи на предни седишта
- Ентериер со детали од хром
- MP3 компатибилен CD player
- DSBS (Dual Sensor Brake Support)

ПРОМОТИВНО ВИДЕО

ЕКСТЕРИЕР

Ready to
conquer the wild

Оптимизирани браници

Се е спремно за авантура. Благодарение на аголните рабови на браниците, зголемено е растојанието од тркалата, за полесно поминување на препреки. Дополнително, материјалот од кој што се изработени браниците, не дозволува оштетување од ситни камчиња или било какво лесно гребење.

LED светла со брисачи (GLX)

Историското наследство што го носи Jimny, е симболизирано преку фаровите во форма на круг. Брисачите доаѓаат како стандард за LED светлата, олеснувајќи го возењето во кал, нечистотија или снег.

Practical drip rail

Дозволете му на Jimny да ве води низ авантури со различни временски услови.
Изработката на кровот е на тој начин да оневозможува влез на вода во кабината.

Остри агли на хаубата

Благодарение на рамниот и квадратест облик на хаубата, секогаш имате добар преглед на околината. Ваквиот дизајн е со цел предните ќошеви на хаубата да се референтна точка кога возите по нерамен терен.

ЕНТЕРИЕР

Бидете фокусирани
на тоа што е најзначајно

Приземен дизајн

Едноставнио, јасен и разумен дизајн е во прилог на вистинско уживање. Боите се специфично одбрани за ваков тип на автомобил, а секој детал е внимателно и атрактивно направен за максимално сериозно off-road искуство.

Осветлена инстумент табла

Без оглед дали надвор е многу сончево, или пак сте во темница или зајдисоне, светлината на инструент таблата е секогаш правилно подесена, за чист преглед на податоците. Нејзиниот функционален дизајн одговара на едноставната убавина на ентериерот.

Управување

Благодарение на off-road подесениот систем на управување, секогаш ќе бидете во добар контакт со подлогата, едноставно ќе ја чувстувате. Добивате добар фидбек од патот, без притоа да чувствуате удари. Дополнително, за да се добие чувство на луксуз, управувачот е обложен со кожа, а вертикално може да биде поставен и до 35mm.

*GLX опрема

Инфра-ред дисплеј на допир

Дури и да носите ракавици, лесно ќе може да управувате со екранот на допир, за команди на радиото и навигацијата. Smartphone Linkage Display Audio системот работи со Apple CarPlay, Android Auto™ and MirrorLink™ што ви дава флексибилност за користење на разни смартфон апликации.

*GLX опрема

Apple CarPlay

Android Auto

MirrorLink

Apple CarPlay е достапен во следните земји:http://www.apple.com/ios/feature-availability/#applecarplay-applecarplay

* За повеќе детали во однос на поврзувањето со iPhone модели компатибилни со Apple CarPlay, видете тука: http://www.apple.com/ios/carplay/

*Apple, Apple CarPlay и iPhone се заштитни марки на Apple Inc., регистриан во САД и други држави.

*Android Auto е достапен во следните земји:https://www.android.com/auto/#hit-the-road

* Подразбира потреба од Android Auto апликацијата од Google Play и Android компатибилен смартфон 5.0 Lollipop или повсиоко: https://support.google.com/androidauto/#6140477

*Android и Android Auto се заштитни марки на Google LLC.

*MirrorLink™ е компатибилен со следните модели на смартфони:https://cert.mirrorlink.com/ProductListing/

*MirrorLink™ регистриран заштитен знак на Car Connectivity Consortium LLC.

OFF-ROAD ПЕРФОРМАНСИ

Робусна
автентичност

Цврста скалеста рамка

Уште од првата генерација, Jimny располагаше со скалеста рамка како основа за сериозни off-road можности и перформанси.

Цврста суспензија поврзана во 3 точки со спирални пружини

Не се задоволувајте од ништо помалку од цврсти оски со целосна ширина и напред и позади. Тоа овозможува максимален контакт со подлогата, на секаков терен. Кога одредена препрека на патот врши притисок на одредено тркало и го крева нагоре, оската притиска на друго во обратен правец, за да се зголеми контактот на гумата со подлогата, секако, при возење на потежок терен.

Многу остри агли на телото и големо растојание од подлогата

Благодарение на аголот на приод, средишниот агол на прекршување, аголот на заминување, како и растојанието од подлогата, сите off-road активности ќе ви бидат олеснети. Супет интелигентниот инжинеринг на Jimny дозволува лесно справување со стрмни падини, остри надолнини, како и совладување на пречки без оштетување на браниците или подвозјето на Jimny.

Погон на 4 тркала со низок опсег на пренос

Jimny се прилагодува на секоја ситуација. Подесете на 4L, за максимален вртежен момент и максимален контакт со подлогата. За возење по рамна off-road подлога или снег, подесете на 4H за да уживате во 4x4 возење и при повисоки брзини. На асфалт, секако најдобро е да возите со 2H (погон на 2 тркала), за помазно, потивко и поекономично возење. Дозволете му на ALLGRIP PRO да ги задоволи важите авантуристички апетити и во услови на off-road возење, но и надвор од него

ПЕРФОРМАНСИ

Зголемете ја
вашата off -road
амбиција

Нов 1.5L мотор

Чувствувајте се моќно со Jimny и неговиот 1.5 литарскиот мотор кој генерира силен вртежен момент низ широк опсен на вртежи, секако за моќно off-road искуство. Благодарение на тоа што е мал и лесен, Jimny истовремено нуди и ниска потрошувачка.

Hill Hold Control

Со помош на Hill Hold системот, возењето по нагорнини и надолнини е олеснето, дури и при многу стрмни падини. И во случај кога падините се нерамни и се разликуваат на левата и десната страна, оваа функција помага да се спречи тркалање наназад, се со цел лесно да може да се фокусирате на возењето.

Hill Descent Control

Со притискање на копче, при надолнини на кои треба да се вози споро, овој систем е дизајниран автоматски да ги користи сопирачките и да одржува фиксна брзина на движење, со цел да може да се концентрира на управувањето без да има потреба да користите педали - не треба да ги користите ниту сопирачките ниту спојката (кумплунгот).

LSD контрола на сопирање

Овој систем работи во услови на лизгав терен. Во случај кога две тркала дијаголано едно на друго губат контакт со подлогата заради лизгање, овој систем автоматски го прераспределува вртежниот момент на другите две тркала, овозможувајќи избегнување на лизгање, а со тоа влевајќи доверба при возењето на лизгав терен.

ПРОФЕСИОНАЛНА АЛАТКА

Спакувајте се за авантура

Практичен багажник

Спакувајте се и бидете подготвени за секоја прилика. Со преклопување на задните седишта, смислено дизајнираната задна површина може да се зголеми, а за полесно отстранување на нечистотијата подот и наслоните на седиштето се обложени со смола*. Целата подна површина е рамна, за полесно внесување на широки предмети. Дупките на завртките овозможуваат опција за разни додатоци, за зголемување на флексибилноста и практичноста. Дополнително, задниот приклучок за струја ** овозможува приклучување и на апарати зад возилото.

Практично складирање на предните седишта

Во однос на практичноста напред, се ви е на дофат. Практичните џебови и фиоки се корисни за чување на телефон, пијалоци и други лични предмети, секогаш блиску на дофат. И USB приклучоците се лесно достапни, за поврзување или полнење на вашиот мобилен телефон, додека големата рачка служи за солидна поддршка за совозачот кога влегува или излегува од автомобилот.

Забелешка: Личните работи на фотографиите се прикажани илустративно. Личните работи секогаш треба да се поставени на начин да не ја загрозуваат безбедноста при возењето.

БЕЗБЕДНОСТ

Заштитете се себеси
и останатите

DSBS

Кога се движи, Jimny користи два сензори - монокуларна камера и ласерски сензор - со цел да утврди дали постои ризик од судир со пешак или со возило напред. По детектирање на потенцијален судир, автомобилот дејствува на кој било од следниве три начини, во зависност од ситуацијата.

1 Го предупредува возачот со аудио и визуелен сигнал.

2 Го активира системот за помош при сопирање, за да ја зголеми силата на сопирање, во случај кога ризокот за судир е голем и возачот панично притиска на педалот за сопирање.

3 Автоматски силно притиска на сопирачките, во случај кога ризикот за судир е уште поголем.

Помош за долго светло

Уживајте во побезбедно и порелаксирано ноќно возење. Со помош на овој систем, кој е дизајниран автоматски да ги менува фаровите помеѓу високите и долните светла, по своја одлука, во зависност од средината на осветлување и присуството на други возила *.

* Кога возите со 40km/h или побрзо, префрлете на Auto. .

По детектирање на светла на други возила

Кога нема други возила

Weaving Alert

Доколку возилото се движи чудно или по некоја траекторија различна од очекуваната, случај кога е можен во услови на замор или поспаност на возачот, системот издава аудио и визуелни предупредувања за да ве извести за чудната траекторија на возење.

* Кога се вози со отприлика 60Km/h или побрзо.

Lane Departure Warning

Jimny ви помага да ја задржите лентата на движење. Во случај кога неочекувано ќе ја напуштите лентата на движење, додека возите со поголема брзина, овој систем е дизајниран да го детектира тоа, и да прати сигнал преку вибрации на управувачот, како и дополнитлно визуелно да го предупреди возачот, за побезбедно возење.

* Кога се вози со отприлика 60Km/h или побрзо.

Препознавање на сообраќајни знаци

Останете смирени, и бидете информирани. Кога системот ќе детектира сообраќаен знак кој се однесува на ограничување на брзината или пак знак за забрането претекнување, ќе ви го прикаже тоа на инструмент таблата, за да ве потсети на сообраќајниот знак кој штотуку сте го поминале.

Забелешка: Монокуларната камера и ласерскиот сензор се со ограничени можности за детекција на пречки и лента на движење. Не се ослонувајте на нив. Секогаш возење безбедно.

Benjamin Hardman ПРОФИЛ

Модел и фотограф

Benjamin Hardman

Националност:Австралија
Моментално место на живеење:Исланд
Сајт:

www.benjaminhardman.com

www.instagram.com/benjaminhardman

ДОДАТОЦИ

Оставете
белег

Напредна функционалност и стил

Додадете некои од прекрасните додатоци (прикажани на возилото), за екстра впечаток и задоволство.

・Корпа за покрив ・Црн преден капак
・Решетка за кров ・Црн заден капак
・Детектор за дожд и ветер

Дополнителна заштите за професионалци

Овозможува екстра ниво на заштита под автомобилот, на тежок терен, или дополнително да се прошири употребливоста во задниот простор за складирање.

Преден браник под решетка

Странични прагови

Заштитник на диференцијалот

Голема подлога за товар (овозможува зголемана карго површина)

ОПРЕМА & ЦЕНА

GLX

  • Мотор - 1.5 литарски, бензин
  • Погон - На сите 4 тркала (ALLGRIP PRO)
  • Пренос - 5MT/ 4AT
  • Опрема - GLX

ОПРЕМА GLX

    Повеќе од GL
  • Управувач обложен со кожа
  • Алуминиумски бандажи
  • Автоматски клима уред
  • Темни термоизолациони задни стакла
  • 7 инчен екран android+aud+NAVI
  • Грејачи на ретровизори
  • LED проектор на предни светла
  • Автоматско нагодување на предни светла
  • Мијач на фарови
  • 12V напојување во багажник
  • Кутија за рамен под во багажник
  • Резервно тркало со алуминиумски бандаж

GL

  • Мотор - 1.5 литарски, бензин
  • Погон - На сите 4 тркала (ALLGRIP PRO)
  • Пренос - 5MT/ 4AT
  • Опрема - GL

ОПРЕМА GL

  • Серво управувач со аудио команди
  • Управувач подесив по висина
  • Патен компјутер
  • Клима уред
  • 6 воздушни перници
  • ABS + EBD
  • ESP - Систем за контрола на стабилноста на возилото
  • TCS - Систем за контрола на влечна сила
  • Помош при изненадно кочење
  • USB прикључок
  • Bluetooth контроли на управувачот
  • DRL дневни светла
  • Автоматски светла
  • Светла за магла напред и назад
  • Асистенција на долги светла
  • DSBS - Радарска поддршка за сопирање
  • Сигнал за итно запирање
  • Радарско следење на сообраќајна лента
  • Cruse control - темпомат
  • Ограничувач на брзина
  • Hill Hold Contol - помош при тргање на угорнина
  • Hill Desent Control - помош при возење низбрдо
  • Далечинско централно заклучување
  • Радио CD MP3 WMA
  • Тонирани стакла
  • Електрика на предни прозори
  • Електрика на ретровизори
  • Грејачи на предни седишта
  • Делива задна клупа 50:50
  • Индикатор со препорака за степен на пренос
  • Индикатор за низок притисок во пневматици
  • Систем за заштита од кражба, Имобилизатор
  • Филтер за полен
  • Isofix за детско седиште х 2
  • Систем за ослободување на педали при судар
  • Резервно тркало со челичен бадаж

GA

  • Engine - Petrol 1.5L
  • Drive system - Part-time 4WD (ALLGRIP PRO)
  • Transmission - 5MT
  • Grade - GA